Образовни профили

Образовни профили

Забен техничар

Профилот Забен техничар низ четиригодишно образование стекнува знаења по општо-образовните и стручните предмети и практични умеења и вештини за изработка на: • тотални и парцијални акрилатни протези • скелетираи парцијални протези • едноделно леани протетички конструкции фасетирани со синтетски маси • инлеи, онлеи и леани надградби • соло коронки од метал керамика ( естетски коронки); • се грижи за правилно чување и одржување на апаратите и инструментите • администрирање, евидентирање и документирање на работни налози и материјали Практичната настава по стручните предмети за профилот забен техничар се започнува од втора година и се одвива во соодветни кабинети, опремени со инструменти и апарати потребни за изработка на дентални протетички помагала. Во рамките на стручните предмети предвидена е феријална пракса во институции кои обавуваат стоматолошка дејност. Феријалната практика е задолжителна по завршувањето на втора и трета година, со цел учениците подобро да се оспособат за идната професија, а се реализира во текот на летниот распуст во здравстевни организации. Времетраењето е 100 работни часови распределени во 20 работни дена. За својата работа на феријалната практика учениците уредно водат дневници со краток опис на работата предвидена со програмата. Можности за вработување Образовниот профил забен техничар може да да ги извршува работните задачи во заботехнички лаборатории во рамките на стоматолошки ординации и клиники, претставништва кои се занимаваат со производство и продажба на заботехнички инструменти и материјали. Работата е одговорна, бара многу знаење, вешти раце, самостојност , концентрација и внимание.

Медицинска сестра

Профилот Медицинска сестра низ четиригодишно образование стекнува знаења по општо-образовните и стручните предмети и практични умеења и вештини : да спроведува соодветна нега • да асистира при лекарски интервенции • да дава вакцини по налог на лекар • да мери и регистрира витални знаци • да зема биолошки материјал за дијагностика да аплицира медикаменти субкутано, интрадермално, интрамускулно по налог • да врши стерилизација и дезинфекција на инструменти и материјали • да организира и учестува во здравствена едукација • да администрира, едвидентира и да документира Практичната настава започнува во втора година. За профилот медицинска сестра практичната наства се одвива во училиштето во специјално опремени кабинети од доменот на медицинската техника , но и во здравствени болнички и вонболнички установи. Практичните бази кои најчесто се користат се клиниките на Медицинскиот факултет, но и други здравствени институции. Феријалната практика е задолжителна по завршувањето на втора и трета година, со цел учениците подобро да се оспособат за идната професија, а се реализира во текот на летниот распуст во здравстевни организации. Времетраењето е 100 работни часови распределени во 20 работни дена. За својата работа на феријалната практика учениците уредно водат дневници со краток опис на работата предвидена со програмата. Можности за вработување Образовниот профил медицинска сестра може да да ги извршува работните задачи во сите видови здравствени организации кои вршат дејност во рамките на примарната, секундарната и терцијарната здравствена заштита (амбуланти, поликлиники, болници,) хуманитарни организации, дијагностички лаборатории, институти, заводи и сл. Работата е одговорна, бара многу знаење, вешти раце, самостојност , концентрација и внимание.

Scientia est potentia..

Фармацевтскиот лабораториски техничар

Фармацевтскиот лабораториски техничар низ четиригодишно образование стекнува знаења по општо-образовните и стручните предмети и практични умеења и вештини за: • ракување со лабораторискиот прибор и апарати • изработка на магистрални, галенски лекови и козметички препарати • да дава совети при издавање парафармацевтика (козметика, лековити чаеви) • добивање, чување и примена на лековити супстанци и лекови • идентификација и определување на чистотата и другите поважни карактеристики на лековитите супстанции • да евидентира примероци за анализа • да подготвува реагенси и примероци за анализа • да асистира во изработка на магистрални препарати • да пакува , чува и складира реагенски, санитетски материјали, лекови, лековити супстанци и лековити билки по налог • да собира лековити билки по налог Практичната настава по стручните предмети за профилот фармацевтски техничар започнува во втора година и се одвива во соодветни лаборатории и кабинети, опремени со инструменти и апарати потребни за изработка на галенски препарати. Во рамките на предметите фармацевтска технологија и фармацевтска хемија е предвидена пракса во институции кои обавуваат фармацевтска дејност. Феријалната практика е задолжителна по завршувањето на втора и трета година, со цел учениците подобро да се оспособат за идната професија, а се реализира во текот на летниот распуст во здравстевни организации. Времетраењето е 100 работни часови распределени во 20 работни дена. За својата работа на феријалната практика учениците уредно водат дневници со краток опис на работата предвидена со програмата. Можности за вработување Фармацевтскиот лабораториски техничар е вклучен во работата на повеќе здравствени организации: галенски лаборатории, аптеки, веледрогерии, фармацевтска индустрија, организации за промет со лекови и билки. Работата е одговорна, бара многу знаење, вешти раце, самостојност , концентрација и внимание.

Медицинскиот  лабораториски техничар

Медицинскиот  лабораториски техничар низ четиригодишно образование стекнува знаења по општо-образовните и стручните предмети и практични  умеења и вештини за:

  • самостојно да зема, да идентификува  и да подготвува биолошки матријал
  • да изработува анализи под надзор
  • да регистрира резултати од анализи
  • да зама капиларна и венска крв за рутински анализи
  • за засејува биолошки материјал
  • да подготвува микробиолошки подлоги
  • да отстранува и уништува заразен материјал
  • да врши стерилизација и дезинфекција
  • да ги познава и одржува основните апарати и инструменти

Практичната настава по стручните предмети започнува во втора година и се одвива во училиштето во  соодветни лаборатории и кабинети,  опремени со неопходните инструменти и апарати, но и во  биохемиските лаборатории на Клиничкиот центар при Медицинскиот факултет, Институтот за микробиологија и паразитологија при Медицинскиот факултет и Микробиолошката лабораторија, во Републичкиот и  Градскиот завод за здравствена заштита и др.
Феријалната практика е задолжителна по завршувањето на  втора и трета година, со цел учениците подобро да се оспособат за идната професија, а се реализира  во текот на летниот распуст во здравстевни организации. Времетраењето е  100 работни часови распределени во 20 работни дена. За својата работа на феријалната практика учениците  уредно водат дневници со краток опис на работата предвидена со програмата.

Можности за вработување

Медицинскиот лабораториски техничар извршува работни  задачи во сите видови здравствени организации кои вршат дејност во рамките на примарната, секундарната и терцијарната здравствена заштита во  дијагностички лаборатории, институти, заводи 
Работата е одговорна, бара многу знаење, вешти раце, самостојност , концентрација и внимание. 

Физиотеравпетскиот техничар

Физиотеравпетскиот техничар низ четиригодишно образование стекнува  знаења по општообразовните и стручните  предмети и практични умеења и вештини за:

  • примена на сите видови терапија (термо, електро, механо, кинези и др.) во рехабилитацијата
  • ракување, грижа и одржување на апаратите, инструментите и матерјалите со кои работи
  • работа со инвалидизирани лица
  • работа со семејства на инвадилизирани лица
  • спроведување на мерки за заштита и унапредување на човековото здравје