Проектни активности

Проектни активности

Нашето училиште рализира и учествува во голем број на проекти, кои носат многу награди во училиштето.

МАССУМ

Е-МЕДИКА

НИЕ СМЕ НАЈДОБРИ

Во рамките на организирање и реализирање на меѓународна соработка со медицински училишта, за остварување со целите во рамки на Годишната програма на Средно медицинско училиште на Град Скопје „Д-р Панче Караѓозов” има остварено соработка со медицинското училиште од  Курт Николин Гимназиум од Финспoнг Шветска на взаемна иницијативаво рамки на проектот Еразмус плус.  Училиштето Ве информира дека како дел од планираните активности од претходно потпишаниот договор соработка  ќе реализираат воннаставни активности во периодот од 07.03.2016 до 28.03.2016 година. Во активностите ќе учествуваат  20 ученика од училиштето од Шветска и 10 ученика од нашето училиште од образовниот профил медицински сестри, како и 30  наставници. Соработката ќе се реализира на повеќе полиња:

  • општообразовно преку запознање на историјата на двете земји , јазикот и културата;
  • стручно-теоретско преку презентација на  теми од областа на интерната медицина, инфектологијата, хирургијата, невропсихијатријата, педијатријата и гинекологијата  со акушерство
  • стручно-практично преку посета на здравствени установи од горенаведените области.

Оваа активност нема да влијае наставниот процес во училиштето.
Се надеваме дека оваа соработка ќе продолжи поради позитивниот импакт на  личноста на учениците, размена искуството на наставниците, унапредување на  наставниот процес, промоција на нашата држава, здравствениот систем, град и училиште.
Процесот ќе се заокружи со доделување на сертификати за присуство.

РАЗНИ ПРОЕКТИ ОД ГРАД СКОПЈЕ

ОРАТОРСТВО

    • ПРОЕКТ ЗА МОДЕРНИЗАЦИЈА НА ОБРАЗОВАНИЕТО ( МОН )
    • SEA ПРОЕКТ (USAID)
    • Е-ШКОЛО (USAID)
    • УЧИЛИШТА КОИ ГО УНАПРЕДУВААТ ЗДРАВЈЕТО (ГРАД СКОПЈЕ)
    • АЛИЈАНСА ЗА ВКЛУЧУВАЊЕ НА РОМИТЕ ВО ОБРАЗОВАНИЕТО ( МОН И ФИОО)
    РАЗБИРАЊЕ НА КОНФЛИКТИ ( МОН И ПРЕК)
  • I EARN (ИМОР )
  • ПРОМОЦИЈА НА ХУМАНИ ВРЕДНОСТИ (ICRC)
  • СО ЧИТАЊЕ И ПИШУВАЊЕ ДО КРИТИЧКО МИСЛЕЊЕ
  • МУЛТИ КУЛТУРЕН КЛУБ

ПРОЕКТ
„Развивање на вештини и способности кај учениците за социјално претприемништво“

Град Скопје во соработка со проектот на УСАИД ЈЕС Мрежа, а на иницијатива на  Локалниот Економско Социјален Совет, изминатиов месец, реализираше проект за промоција на концептот за социјално претприемништво кај средношколската младина.
Во рамките на проектот беше организирана тридневна обука за концептот и важноста на социјалното претриемништво и поттикнување на развојот на социјални компании. Обуката ја следеа наставници кои го предаваат предметот бизнис и претприемништво и ученици од трета и четврта година од сите средни училишта во Град Скопје.
По обуката кoja опфати околу 60-тина учесници, секој училишен тим имаше време да развие една бизнис идеја поврзана со социјално претприемништво која беше претставена во вид на апликација со која се најавуваше учество во претстојниот натпревар.
Натпреварот  се одржа на 25-ти март, во СУГС„Боро Петрушевски,“ и на истиот беа презентирани идеите на 17 тимови од средните училишта на Град Скопје. Петчлено жири, составено од претставници од Секторот за образование и од ЛЕСС на Град Скопје, Проектот на УСАИД ЈЕС Мрежа, како и претставници од бизнис секторот, односно социјални компании го оценуваа квалитетот на пристигнатите идеи, според однапред утврдени критериуми.
Второто место  го делат училишниот тим на СУГС„Д-р Панче Караѓозов“ во состав:

  • Марија Поповска (ученичка)
  • Јован Амбарков (ученик)
  • Дарјан Живадиновиќ (ученик)
  • Изабела Јакимова (ученичка)
  • Ацо Ѓоргиевски (ментор)
  • Благојче Ѓорчевски (ментор)

ОБРАЗОВНО РАНДЕВУ 2016
22, 23 АПРИЛ
СЕТУГС „Михајло Пупин“ СКОПЈЕ
Маркетинг план III место освои тим МЕДИДЕНТ во состав

  • Елисавета Лукановска
  • Светлана Лукановска
  • Дарјан Живадиновиќ
  • Рина Митреска

со проект АПЛИДЕНТ
ментори:

  • Емилија Бошковска-Живадиновиќ
  • Ацо Ѓорѓиевски

На натпревар GET IN THE RING за најдобра бизнис-идеја, организиран од НЦДИЕЛ во декември 2015, освоено е III место
Тим во состав

  • Елисавета Лукановска
  • Светлана Лукановска
  • Дарјан Живадиновиќ
  • Рина Митреска
  • Наташа Симоновска

Ментор

  • Емилија Бошковска-Живадиновиќ

ОБРАЗОВНО РАНДЕВУ 2016
22, 23 АПРИЛ
СЕТУГС „Михајло Пупин“ СКОПЈЕ

Интервју за работа на англиски јазик II место освои:

Клара Ѓечова

Ментор: Маја Бакраческа

ОБРАЗОВНО РАНДЕВУ 2016
22, 23 АПРИЛ
СЕТУГС „Михајло Пупин“ СКОПЈЕ

Најдобар бенд со освоено III место:

Иван Арсовски

Виктор Митевски

  • Елисавета Лукановска
  • Светлана Лукановска

Хуманитарна акција од здружението ГРАДИМЕ ИДНИНА за собирање храна,облека,обувки и др за социјално загрозени семејства.

Хуманитарни претстави изведувани и пишувани од ученици од училиштето(2014/2015;2015/2016):

Шпанска Нова Година

Новогодишна Афера

Ученички со издаден труд:

Анастасија Ѓорѓиоска "Ветување"

Изабела Јакимова - "Приказни од животот оти така сакам"

MEF EDUCATIONAL INSTITUTIONS

Во период од 10 – 13 Мај 2015 година, тимот на СМУГС Др- Панче Караѓозов предводен од Љупка Кунгуловска (професор по биологија) и Марко Наумовски (редовен ученик во трета година- медицински сестри) земаа учество на 25OT меѓународен натпревар (по биологија, хемија и физика) организиран од страна на MEF EDUCATIONAL INSTITUTIONS одржан во Турција- Истанбул. Тимот на нашето училиште се претстави со темата “Отровот од Vipera ammodytes - Поскок со можност за лекување на пациенти со хемофилија” каде што го освоија третото место од областа на биологијата. Од вкупно 981 пријавени проекти, 105 од нив беа избрани во трите области од страна на стручната комисија. Учество заземаа тимови од Албанија, Азербеџан, Белорусија, Бугарија, Босна и Херцеговина, Етиопија, Филипини, Хрватска, Шведска, Италија, Катар,Латвија, Словенија, Србија, Туркменистан Унгарија, Косово, Ирак, Украина, Кипар, Полска, Грузија, Малезија, Црна Гора, Романија меѓу кои и Македонија

Училишен Весник

Форум-театар за Меѓународниот ден на мирот одржан на 21.09.2012 - По повод Меѓународниот ден на мирот во петокот пладне во гимназијата „Никола Карев“ се одржа Форум-театар со децата членови на мировните клубови од СГУЦ „Здравко Цветковски“, СМУГС „Д-р Панче Караѓозов“ и од гимназијата „Никола Карев“. Со овој настан, како и многупати досега организаторот, првата детска амбасада во светот „Меѓаши“, потсети на значењето на мирот како основа за создавање подобар свет за децата и сите жители во Македонија, на Балканот и во светот.
Мировни пораки Март 2012


Мировно Образование 2011/12 мировни пораки
семинар за Животни вештини,
пула 2011    www.e-medica.hr  
галерија со слики за деновите на е-медицина, ноември 2011  http://www.e-medica.hr/Default.aspx?tabid=1749

Добитник на целосна стипендија на висока школа за новинарство и односи со јавноста