За училиштето

Историја на училиштето

Традицијата на постоењето и работата на Училиштето започнува во далечната 1931/32 1945 при Хигиенскиот завод , а 1934 е изградена училишната зграда (сегашен објект на ученичкиот дом). Учебната 1945/46 година својата едукативна дејност на македонски јазик ја започнува Училиштето за медицински сестри и негувателки. Подоцна од 1947/48 година се отвораат и Училиштето за помошници аптекари, Санитарното училиште и Учиштето за дентисти..

Valetudo bonum optimum.

Во учебната 1972/73 година се извршува интеграција на тие училишта во една единствена образовна институција - Медицински училишен центар ,, Д-р Панче Краѓозов,, . Материјалниот услов за работење на една ваква сложена организиација е создаден со градењето на нова модерна зграда во непосредна близина на комплексот клинички објекти на Државната болница.

Местоположбата на училиштето во непосредна близина на повеќе здравствени објекти е од драгоцено значење за успешно и квалитетно одвивање на практичната настава, феријална пракса и соработка. Тука се вбројуваат : комплексот клинички објекти на Државната болница ( Клиники и Институти при Медицинскиот, Стоматолошкиот и Фармацевтскиот факултет), Градска општа болница -Ургентен центар, Здравствен дом, Републички и Градски Завод за здравствена заштита, аптеки, приватни здравствени организации и др. 

Училишен простор и опрема

Вкупната квадратура на училиштето изнесува 7.408,57 м 2,од кои 3.854,93 м2 директно се користат за настава.
Училиштето располага со училиници, кабинети, лаборатории, солидно опремена библиотека, фискултурна сала, канцеларии за административниот и наставниот кадар.
Теоретскиот дел од наставата се изведува во училиниците и кабинетите за општообразовни и општо стручни предмети.
Во училиштето има лаборатории за теоретска и практична настава за тесно стручните предмети : кабинети за нега на болен, кабинет за фармакогнозија и ботаника, аптека од затворен тип, галенска лабораторија, лаборатории со дигестори, лабораторија за микробиологија и паразитологија, биохемиска лабораторија, хематолошка лабораторија и лаборатории за забна техника.
Училиштето располага со модерно опремена фискултурна сала со фитнес опрема како и надворешни спортски терени.
Во рамките на Училиштето работи и Ученичкиот дом за сместување и исхрана на учениците од внатрешноста на Републиката кои се школуваат во нашето училиште. Ученичкиот дом со капацитет од 110 места ги задоволува потребите за сместување , исхрана и активности од културно-забавен и воспитен план .

Ученички дом

Подготовка за настава со учениците


Ученичкиот дом во состав на СМУГС “Д-р Панче Караѓозов” е сместен во посебна зграда лоцирана во кругот на училишниот двор. Станува збор за стара тврда градба која датира уште од далечната 1931 година. Нејзината првична намена била како училиште за медицински сестри и негувателки.
Во учебната 1945/46 година преку Училиштето за медицински сестри и негувателки, Медицинскиот училиштен центар ја започнува едукативната дејност на македонски јазик токму во просториите на сегашниот Ученички дом. Подоцна, од 1947/48 година, во истите тие простории, едукативната дејност на македонски јазик ја спроведуваат и Училиштето за фармацевтски техничари, Санитарното училиште и Забарското училиште.
Во учебната 1972/73 година со интеграција на горенаведените училишта под раководство на Д-р Михаил Еленчевски, Медицинскиот училиштен центар “Д-р Панче Караѓозов” започнал да функционира како единствена образовна институција. Со изградбата на новото и модерно училиште кое во целост ќе ги задоволува и ќе ги исполнува материјалнитe услови за успешно и квалитетно одвивање на практичната настава, а кое било пуштено во оптек на 13 Ноември во далечната 1973 година, старата зграда добива функција на Ученички дом што ќе работи во состав на Медицинскиот училиштен центар “Д-р Панче Караѓозов”.
Функцијата на Ученичкиот дом во изминатиот период била згрижување исклучиво на ученичките од Медицинскиот училиштен центар “Д-р Панче Караѓозов”, но со новонастанатите социо-економски состојби, Ученичкиот дом овозможува сместување и за ученички од провинцијата на нашава држава кои се запишани и примени во другите средни училишта на град Скопје.
Старата зграда којашто функционираше како Ученички дом, не задоволуваше извесни современи нормативи за живеење и затоа последните десет години преземени се многу активности за да се подобрат условите за живеење, учење, забава и др. За таа цел, инвестирано е во повеќе репарациони и реставрациони зафати.

Освоени награди од учество на натпревари и манифестации.


Штитеничките на Домот, покрај задолжителното учење и совладување на училишниот материјал по нивните наставни предмети, со ентузијазам се вклучуваат во многубројните активности со подготвување приредби, работа во секции, учество на Домијади, соработка со учениците од другите домови. Овие активности не само што овозможуваат збогатување на животот во Ученичкиот дом туку и реализација на програмските цели и задачи кои опфаќаат работно, интелектуално, морално, естетско, физичко и здравствено воспитување. Програмата за работа на Ученичкиот дом се остварува преку работните активности на rakovoditelot на домот и воспитувачките.

Соба за престој на учениците


Ученичкиот дом располага со капацитет од 103 легла, распределени во 25 соби. Во Ученичкиот дом има училници, клуб-просторија, канцеларии, кујна со помошна просторија, трпезарија, магацини, перална со пегларница и бањи кои севкупно даваат површина од 1800м2.
Во иднина задача на персоналот од Ученичкиот дом, на чело со директорот на СМУГС “Д-р Панче Караѓозов” Д-р. Марјан Алабаковски, ќе биде континуирано подобрување на условите во Домот, како и неговата функција и придонес во создавање психофизички здрави и едуцирани личности кои во најблиска иднина успешно ќе се вклучат во понатамошните текови на животот.
Вработени во ученичкиот дом:


Катерина Митковска – раководител ( дипломиран педагог)


Далиборка Николовска – воспитувач (професор по македонски јазик)
Татјана Стојановиќ – воспитувач (професор по биологија)
Емилија Колева – воспитувач (одделенски наставник)
Марија Ташкова – материјално сметководство


Снежана Стојковиќ – куварка
Маре Стоилкова – куварка
Кристина Златкова – куварка
Лена Цветкова – садомијачка
Живка Николовска – перачка
Жаклина Ѓорѓиевска- хигиеничарка
Роза Петровска - хигиеничарка
Драган Кировски - хаус мајстор

Трепезарија во ученичкиот дом

Велигденски хепенинг во ДССУ "Св.Наум Охридски" - Скопје